речник контакт

Да се обнови возниот парк на ЈКП Дервен

Странските стручњаци посочуваат на ЈКП Дервен му требаат нови мали возила за собирање смет, постојните се несоодветни

Петар Печков

ЈКП Дервен е слабо опремен со возила за собирање на сметот  а постојните кои не одговараат на потребите и  конфигурацијата на градот. Ова е став на странските стручњаци кои го анализираа работењето на Јавните комунални претпријатија во Вардарскиот регион.

Велес има две возила за собирање смет,  а му требаат осум.  Пет од нив треба да бидат со помала запремнина, за стрмните и тесни улички од високите делови на градот. Постојните не можат да го  соберат сметот, па затоа се служат со други несоодветени превозни средства. Кај вас се плаќа само за собирање отпад, а не одлагање и транспортирање. Процентот на наплата е низок и потребно е брзо решение  – вели Сабина Кидс  од австриска консултантска фирма АСА.

Таа  шест месеци работела на анализа на ЈКП во регионот.  Тие констатирале  дека граѓаните  плаќаат 100 денари за одлагање смет што е многу ниско споредбено со другите региони во Македонија, или во Србија, каде се плаќа по 4 евра од семејство.  Од друга страна политичките партии се обвинуваат, ВМРО-ДПМНЕ дека до пред две години не било ништо сторено на обнова на возниот парк. Додека другите , СДСМ тврдат дека за годинава се купени шест пик ап возила кои служат само за развозување на вработените.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »