речник контакт

Дваесетина мигранти пронајдени покрај пруга во Велес

Мигрантите биле пренесени во транзитен центар Винојуг - Гевгелија

Петар Печков

Вчеравечер, среда, на повеќе локации во гадот, железничка станица, покрај пругата низ градот, полицијата пронашла групи мигранати. Тие се движеле долж железничката пруга  Гевгелија- Скопје и биле на минување, кон границата со северниот сосед -Србија.

На 16-ти септември во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 лица мигранти, меѓу кои и двајца малолетници. Десет од откриените лица биле  од Бангладеш, седум од Пакистан и пет лица од Авганистан. Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и  транспортирани во Транзитен центар Винојуг- Гевгелија - соопшти МВР.

Ова е прва група за која полицијата соопшти дека е приведена и префрлена во Транзитен центар, иако граѓаните кои живеат покрај пругата, велат дека секојдневно со месеци, посебно во вечерните и утрински часови, големи групи мигранти се движат по оваа пруга.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »