речник контакт

Дваесет и еден моторист казнет поради неправилности

Цело лето мина велешката сообраќајна полиција не презеде ништо за големата бучава која ја предизвикуваат дел од мотористите.Во Скопје се одземаат мотори поради тоа

Петар Печков

Саботата попладне и вечер, сообраќајната полиција вршела контрола колку се исправни мотористите. Сообраќајците  проверувале дали носат кациги, дали моторите се исправни, дали возачите имаат потврди за возење 

Саботата на 14.септември  од 16 до 22  часот на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино - соопштија од МВР.  

За сите прекршоци биле изречени соодветни казни. 

Но наспроти реакциите на дел од јавноста,м дека не се презема ништо за бучавата која ја предизвикуваат одредени мотористи, од велешката полиција повеќе месеци молк. Затоа  пред некој ден портпаролот на МВР Тони Ангеловски кажа дека постои можност за рекација, во Скопје се одземани мотори.

Одземени се мотоцикли поради сомневање дека има техничка неисправност, поточно извршено е менување на делови со чија помош се создава поголема бучава. Тие мотоцикли се задржани за понатамошна постапка  - кажа Ангеловски. 

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »