речник контакт

Дванаесет години затвор за обљуба на ќерката

Сопругата на осудениот, која го пријави настанот во полиција, по објавувањето на пресудата за нејзиниот маж се онесвести

Петар Печков

Кавадарчанецот  М.А. (39 год)  доби 12 години затвор кривичното дело полов напад врз дете.  Во Основен  суд Велес тој е прогласен за  виновен  за обљуба врз сопствената ќерка. 

Случајот во јавноста излезе откако во полицијата го пријави сопругата Џ.А. Таа откако беше објавена пресудата од 12 години затвор, и се слоши па мораше да интервенира доктор на итната помош. 

Обвинетиот повеќе  месеци, а последен пат ноќта на 29/30.11.2016 година околу 21.00 часот, во нивната семејна куќа во Кавадарци, со употреба на сила и закана по животот со нож, извршил обљуба врз нивната дванаесетгодишна ќерка. 

Доказите покажале дека кај девојчето бил пронајден ДНК од нејзиниот татко, кој пак тврдел дека е пијан, не се сеќава, не го признава делото.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »