речник контакт

Двата хеликоптери на МВР во неделата, на пожарот кај Мокрени и Габровник фрлија 85 тони вода (видео)

Во саботата двата хеликоптереи фрлија 68 тони вода

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, 21 јули двата хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици на МВР повторно дејствуваа во реонот на селата Мокрени, Габровник – Општина Чашка и Селце- прилепско. 

„Кракот од пожарот кој што претставуваше опасност за селата е локализиран и ставен под контрола со помош на службите на терен од АРСМ. Хеликоптерот Бел 412 во 18 циклуси исфрли 27 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 23 циклуси исфрли 57,5 тони вода“- соопштија од МВР.

Претходно во саботата, двата хеликоптери на МВР, на истиот терен фрлија 68 тони вода, во 34 налети. 

Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »