речник контакт

Двајца велешани како лажни полицајци малтретирале мигранти

Едниот од нив А.Б. доби и притвор

Петар Печков

 Двајца велешани се претставиле како лажни полицајци и помогнале на двајца неготинчани  заедно да измамат пет мигранти.  Според МВР  А.Б. (35) и Н.С. (22) од Велес во вторникот навечер околу 22,30ч. на автопатот Гевгелија -  Куманово,  после село Удово, облечени во полициски униформи го сопреле возилото во кое биле мигрантите по што ги извадиле од возилото, ги легнале на земја и почнале да ги претресуваат барајќи им пари.

Мигрантите се спротивставиле и успеале да го одземат патничкото возило „Ауди“ со кое се превезувале и побегнале.  Претходно Е.Е. (25) и А.М. (29)  и двајцата од Неготино  околу 22.00 часот кај  с. Дуброво   сретнале пет мигранти а Е.Е.  и им предложил да ги пренесе со патничко возило ,,Ауди“ до границата со  Србија.

Оштетените прифатиле и за услугата му платиле 400 евра, иако возачот за превозот побарал 1000 евра. Потоа   со своето патничко возило „Мерцедес“  А.М. ги земал мигрантите и се упатил кон Неготино. Попатно ги сопреле лажните полицајци, двајцата велешани.

Од страна на судија на претходна постапка мерка притвор во траење од осум дена е одредена на Е.Е. и велешанецот  А.Б. СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.Е. од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“, „лажно преставување“ и „разбојништво во обид“ и против А.Б. (35) од Велес, Н.С. (22) од Велес и А.М. (29) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно претставување“ и „разбојништво во обид“.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »