речник контакт

Двајца велешани печалеле со превоз, на бегалците емигранти

Е.Н и Ј.П. заработија кривични пријави а првиот и притвор

Петар Печков

Деновиве во неколку издвоени случаи македонската полиција  РЦ за ГР југ, открила и уапсила повеќе лица кои кримучареле емигранти.  Е.Н. (34 год) и Ј.П. (54 год) и двајцата од Велес, до надлежното обвинителство поднесени се кривични пријави за ,,криумчарење емигранти,, а Е.Н  доби и притвор од месец дена.

Е.Н. заедно со Х.А. (29), од село Ваксинце и А.Д.(21) од село Лојане кумановско, на почетокот на месецов односно на 2-ри ноември  околу 19,30 часот на регионалниот пат Валандово - Богданци во близина на браната кај село Паљурци прифатиле 20 илегални мигранти (18 од Авганистан и двајца од Бангладеш).

Нив  ги качиле во ТМВ “Мерцедес“ со скопски регистарски таблички управувано од велешаенцот Е.Н. Пред и по него како чистачи се движеле со два автомобили кумановците. При полициска контрола во близина на клучка на влез во Радовиш, првопријавениот наместо да го сопре камионот, продолжил да се движи по спореден земјен пат во правец кон Штип, но набргу сопрел, излегол од камионот и се дал во бегство, но брзо е стигнат, и приведен

Во вториот случај пријавената Ј.Л. исто така на почетокот на месецов, односно на 2 ноември  прифатила шест лица од Сирија меѓу кои и лице кое наводно го познавала од Грција каде што заедно работеле во оранжерии и ги сместила во хотел во Велес, во три двокреветни соби, гарантирајќи за нив дека не се илегални мигранти и доставувајќи своја патна исправа за нивно пријавување во хотелот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »