речник контакт

Двајца велешани на СП во кајак на диви води слалом

Петрушев и Игнатов возеа само во квалификациите во Шпанија

Петар Печков

Изминатиот викенд во Шпанија  на патеката Ла Сеу Дургел се одржа Светското првенство во кајак на диви води, слалом, каде учествува  како македонски репрезентативци и двајца велешани Ангелче Петрушев и Христијан Игнатов,  од тројцата репрезентативци.  Екипно од 29 селекции, Македонија, во3хК-1  во состав Петрушев, Игнатов, Бражански беше 26-та со заостанување од 86 секунди и 62 казнени поени. 

Поединечно Петрушев во првото возење беше 69 со заостанување од 17 секунди и без казнени поени, додека Христијан Игнатов беше 80--ти со 23 заостанување зад лидерот и 6 казнени поени. Бражански заврши на 107-т- месо со +105 секунди и 56 казнени поени. Овие резултати беа постигнати во конкуренција на 116 учесници на СП. Во втората трка веслаа 84 натпреварувачи. Ангелче Петрушев беше 44 со +13,7 и 8 казнени поени, Огнен Бражански 54-ти со +21 и 2 казнени поени а Христијан Игнатов беше 60-ти со заостанување зад лидерот од 25 секунди и 10 казнени поени. 

Светски првак стана Чехот Прскавец, екипно во 3хК-1 Шпанија. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »