речник контакт

Двајца велешани на аџилак во Мека

Од велешко други 20-тина верници на традиционален аџилак

Петар Печков

 На аџилак во Мека Судиска Арабија од Велес заминале две лциа додека до велешко 20-тина, повеќето од Горно  и Долно Јаболчиште и од Бузалково.

На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека. Во градот Мека во Саудиска Арабија се  повеќе од два милиона муслимани на почетокот на традиционалниот аџилак. Кулминација на ритуалот е  искачување на брегот Арафат. 1,6 милиони муслимани се од странство, и  околу 750 илјади верници од Саудиска Арабија.

Аџилакот во Мека  се смета за еден од петте столбови на исламот и секој муслиман треба да го изврши барем еднаш во својот живот. Останатите четири столба се верската определеност кон Господ и Мухамед како господов пророк, ритуалната молитва, која се врши петпати на ден, милостината за сиромашните и постот за време на Рамазан.
Обврските на муслиманите-верници се пропишани во Коранот, светата книга на муслиманите.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »