речник контакт

Двајца жители на две велешки села осомничени дека во Струга летово ограбиле прилепчанец со 8,8 милиони денари

Основен суд Струга на О.А (40 год) од Бузалково и Ј.З.(45 год) од Кочилари им одреди мерка притвор

Петар Печков

МВР информира дека ги открила сторителите на разбојништвото, што летово, при крај на август месец се случи во Струга.  

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.А.(40) од село Бузалково -велешко, Ј.З. (45)  од село Кочилари -Градско и Ф.И.(35) од село Радолишта- струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво“. Имено на  27.08. годинава во 14,20 часот во Струга на улицата “Битолски Конгрес“ пријавените со употреба на физичка сила и спреј - солзавец извршиле разбојништво над  Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8.800.000 денари, а потоа со патничко возило „Фолксваген Голф 3“ заминале во непознат правец - пишува во соопштението. 

Со информација се огласија од и од јавното обвинителство.  

Осомничените, на 27.08.2018 година во на улицата „Битолски конгрес“ во Струга, нападнале едно лице додека се движело кон својот паркиран автомобил и најпрвин со тупаници и клоци, а потоа и со употреба на спреј, успеале да му одземат поголема сума пари. На оштетениот му биле одземени 3.500 австралиски долари, 7.320 швајцарски франци, 100 британски фунти, 4.165 американски долари, 500 канадски долари, 13.565 евра, 1.000 шведски круни, 100 дански круни, како и 7.186.152 денари, кои ги носел со себе. По извршеното разбојништво, осомничените влегле во автомобил и избегале во правец кон Кичево. Според сознанијата на истрагата, осомничените подолго време го следеле оштетениот, кој бил вработен во менувачница во Прилеп, а патувал со поголема сума пари кои ги разменувал во Струга. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени - соопштија од ОЈО Струга. 

АНКЕТА »

Дали треба и натаму летно и зимско сметање на времето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »