речник контакт

Двајца мотористи нападнале полицајка среде град

Откако полициската службеничка им побарала документи, лицата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале

Петар Печков

Во петокот, нешто по полноќ, две лица од Горно Оризари, нападнале полицајка која била на работна задача. Инцидентот  се с случил  близу рампата на железничката пруга, кај мостот Гемиџии. 

На ул. „Илинденска“ лицата А.К. (35 год) и А.К. (34год ), двајцата од с. Горно Оризари, велешко, извршиле напад над полициска службеничка од ПС за БПС Велес.  Додека полициската службеничка вршела работа од областа на сообраќајот констатирала прекршок направен од А.К. кој управувал мопед непозната марка. На даден знак да го запре мопедот, истиот продолжил со движење и   подоцна застанал. Откако полициската службеничка им побарала документи, лицата почнале да ја навредуваат, ја влечеле за униформата и ја удирале – информираа од МВР.  

Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што поднесе соодветна пријава.                            

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »