речник контакт

Двајца оздравени, двајца нови позитивни на ковид-19 во Велес

На инфективно одделение во велешка болница лежат 16 пациенти, од нив 14 се позитивни на ковид 19 и две лица кои чекаат резултати а имаат симптоми

Петар Печков

Според извештајот на Министерството за здравство во Велес изминатото деноноќие има два нови случаи на лица позитивни со ковид-19. Со ова бројката на вкупно заболени во Велес изнесува  71.  Деновиве по два негативни теста  пуштени се дома две лица кои биле хоспитализирани на Инфективно одделение. 

Таму денес биле 16 лица, 14 позитивни и две за кои се чекаат резултати а имале симптоми. Градоначалникот Коцевски соопшти дека четирите лаборанти од Здравствен дом,  кои имаа контакт со сомнителен случај на корона вирус, на тестот  покажале дека се негативни.   

Во изминатите 24 часа во Македонија, направени биле 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19. Денес  во земјава се починати две лица, пациент на 62 год од Скопје и пациентка од Гостивар на 59 год возраст. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »