речник контакт

Двајца починати, двајца повредени во сообраќајка кај Венуле

Во директен судар на југо и тојота загинаа двајца кавадарчани. Вчера почина тешко повредениот од сообраќајката пред седум дена на влезот во Велес од правец на Штип.

Петар Печков

Двајца кавадарчани загинаа, а двајца скопјани се тешко повредени во судир на два автомобила вчера на регионалниот пат Велес-Градско, соопшти МВР.

Несреќата се случила околу 14.00 часот кај местото викано Венуле, кога директно се судриле автомобили "југо" и "тојота".

Неофицијално, на самото место загинале возачот на "југото", Трајко Стојановски (79) и сопатничката Менче Делова (63), двајцата од Кавадарци.

Возачот на "тојотата" Ф.А.(18) и совозачот А.П.(21) со скршеници на градниот кош и на екстремитетите биле пренесени во болницата во Велес.Според дежурниот доктор д-р Митко Стровјанов, тие се вон животна опасност но  поради сериозноста на повредите, скопјаните се префрлени на Клинички Центар .

Во сообраќајката која се случи пред седум дена,на влезот во Велес, од правец на Штип, вчера почина П.К. ( 44 год) од Иванковци, кој тога беше  тешко е повреден  и префрлен во Клинички центар Скопје,

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »