речник контакт

Двајца се тепаат, третиот страда

Две лица се каменувале во селото Мелница а настрадало седумгодишо девојче, кое е со тешки повреди на главата.

Петар Печков


 Во петокот вечерта во 20,00 часот во Медицинскиот Центар - Велес е донесена  седумгодишната Ј.К. на која и се констатирани тешки телесни повреди ,линеарна фрактура на череп.

Според СВР Велес, во петокот  околу 15,00 часот во с.Мелница, велешко, две лица  М.Д.(27 год) и Ш.Н.(22 год ), лица со посебни потреби, се расправале и фрлале со камења при што случајно ја погодиле Ј.К. нанесувајќи и тешки телесни повреди. Девојчето поради тежината на повредата е префрлена во Клинички Центар - Скопје. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »