речник контакт

Два безуспешни обиди за измама на жители од Градско, биле побарани вкупно 50 илјади евра

Во првиот случај таксистот го предупредил лицето за можна измама а во вториот лицето било пред болница но го немало тој што требало да ги прими парите

Петар Печков

Понеделникот 18 мај во СВР Велес биле пријавени два обиди за измама, над две повозрасни лица од Градско.  Деталите од соопштението на велешката полиција.

„69-годишник од Градско пријавил дека едно лице го контактирало телефонски, му кажало дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребно да плати за да се изврши операција во болница во Скопје, за што треба да плати 20.000 евра. Пријавителот со такси возило се упатил кон Скопје, но од страна на возачот бил предупреден дека многу лица претходно биле измамени на овој начин и случајот го пријавил во полициска станица“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес. 

„71-годишна жена од Градско пријавила дека едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар од Општа болница Кавадарци ѝ и кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и за да се изврши оперативен зафат требало да плати 30.000 евра. Кога стигнала пред болницата немало никој, а во разговор со нејзината ќерка дознала дека се работи за измама и случајот го пријавила во полиција“ – дополни Милевска Ѓеоргиева.

Полицијата  презема мерки за расчистување на настаните.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »