Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 јули 2026
Ноќеска, во два часот по полноќ, полицијата интервенирала во Башино село, по пријава на соседи, дека две жени пуштаат гласна музика. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 27.07.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес ги приведоа М.З.(37 год) од Велес и С.Ѓ.(26 год) од Башино Село. Претходно било пријавено дека во двор од дом во Башино село го нарушиле јавниот ред и мир со гласна музика, а по доаѓањето на полициските службеници продолжиле со нарушувањето и агресивно се однесувале кон соседите. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека М.З. и С.Ѓ. се под дејство на алкохол, односно на М.З. измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта, а на С.Ѓ. 2,22 промили алкохол во крвта“ – соопштија од СВР Велес.
Двете жени биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото интернет
| Tweet |




