речник контакт

Две ново заразени лица во Велес со ковид-19, еден оздравен

Во велешко активни се 30 лица

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден има две ново заразени лица со ковид-19 од Велес а еден е оздравен, информираа од Центарот  јавно здравје. Со ова вкупната бројка на активни случаи во велешко е 30 а досега позитивни на корона вирусот биле 173 лица, 131 оздравеле а 12 од нив починале.

Имаме два нови случаи од познат кластер. Едниот е велешанец приватен стопанственик а втората е медицинска сестра од приватна амбуланта од градот. Имаме еден оздравен пациент, кој по два негативни теста   е пуштен од Инфективно одделение на велешка Болница - изјавија од Центарот за јавно здравје. 

Од вкупниот број на активни случаи 18 се на домашно лекување,  девет на инфективно одделение од велешка Болница,  на Инфективна клиника во Скопје  се двајца а еден велешанец е сместен на приватна клиника.   

На Инфективно одделение од велешка Болница има хоспитализирано 14 лица, од нив 12 се потврдено позитивни,  за двајца со симптоми се чекаат резултатите, од вкупниот број четворица се од Велес еден е со симптоми, девет се од општина Чашка и еден од општина Кавадарци.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »