речник контакт

Двојно повеќе настани од предвидените во Велес град на културата

Изминатата година во Велес се случија 188 културни настани наспроти планираните 94

Петар Печков

Манифестацијата ,,Велес град на културата,, стартуваше на 18-ти јануари со ,,Ноќ спроти Водици,,  а завршува  на 30-ти декември со ,,Волшебната шума,,.  Со тоа според организаторот, Општина Велес, завршува едно успешно издание на манифестацијата, која на публика во градот им  донесе различни форми на уметност, кои досега велешани  не биле во можност да ги видат.

Од оправдани причини, поради немање соодветен простор. Затоа  и најголемиот дел од товарот на манифестацијата падна на велешкиот театар,  на чија сцена се случија  најзначајните моменти.                  

Со апликацијата  поднесена до Министерството за култура, таа содржеше  94 културни настани  а за изминатите месеци реализирани се 188 културни настани. Тука  не се  пресметани повеќе дневните манифестации, како што беа Фестивалот на античка драма Стоби, Фолклорниот фестивал    кои имаа повеќе содржини во текот  одржувањето,но се бројат како еден настан. Бројот на  изведени  културни настани е двојно поголем од планираните. Ова се должи на   зголемениот  интерес  на уметниците  да настапат во Велес  и  економичноста во работата. Проектот беше димензиониран на 2,9 милиони денари  Буџет 2 милиони од  Министерство за  култура а 900 илјади од  Општина  Велес. За 188 настани чини 2,5 милиони денари - ја образложи годинешната манифестација градоначалникот Славчо Чадиев.

Во нејзините рамки одржани се  42 театарски претстави, 25 изложби,  23 традиционални манифестации, 30 промоции на книги,   43 музички концерти на класична музика, 9 филмски  проекции, 6 фолклорни концерти, 5 меѓународни настани, 3 претстави и  2 концерти за деца.  Во овие бројки  не  влегува отворената музичка новогодишна  сцена  која деновиве ќе се реализира  во Младинскиот парк, од 25  до 31 месецов.

Сметам дека ,,Велес град на културата,, е еден  од најуспешните проекти  изминати 15 години откако таа е востановена од страна на  Министерство  за култура. Посебно благодарност до  Театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот, каде освен театар се  случија, балет, танц, концерти.        Организациски  проектот  го реализираа пет комисии,  за фолклор, литература,  ликовна  уметност, за музика, и театар кои  вршеа селекција и избор на настаните што  ќе  се случат во  градот, водеа сметка за квалитет   и благодарност до нив за нивната успешно извршена работа - рече  градоначалникот Чадиев.

 За крајот на годинава, ќе се одржи неколкудневен театарски маратон, каде ќе бидат прикажани пет актуелни претстави на велешки театар и влезот за  нив ќе биде бесплатен, за завршница на манифестацијата ,,Велес град на културата,,. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »