речник контакт

Дезинфекција на станбени згради, државни институции и јавни површини

Дезинфекцијата ја извршуваат вработени во Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”

Петар Печков

Денес се изврши  дезинфицирање на станбени колективни згради, поголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во Велес.

Дезинфекцијата ја извршуваат вработени во Територијалната противпожарна единица – Велес,  ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”. 

По налог на Општина Велес дезинфикувани се  просторите околу Центарот за јавно здравје – Велес, ЈЗУ Здравствен дом – Велес, „Стокомак”, Железничката станица- Велес,  потоа просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, „КАМ” во Нова населба, „Кит – Го”, плочникот околу споменикот на Панко Брашнаров, плочникот околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман, плочникот околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, просторот во центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад  „Сармаале”  и просторот околу Градскиот пазар. 

Акцијата за дезинфицирање продолжува со реализација и вторник по Велигденските празници со други локации.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »