речник контакт

Декорација за новогодишна атмосфера

За најубавиот двор, излог и тераса награди. Започнува и украсувањето на градот. Некои тоа веќе го сторија, а вие?

Петар Печков

И годинава локалната власт ќе ги награди најдобро новогодишно аранжираните излог, тераса и двор. освен што ќе го разубават местото на живеење тиа ќе допринесат и за поубава слика за градот.

Од денес, петок, започнува новогодишното уркасување на градот од страна на општината. Освен што главние улици ќе бидат освелени со постојние светлечки тела ќе се постават и четири елки.

Кај ЗОИЛ Македонија, спроти Сако-трејд, кај Пошта и големата елка во Младински парк. Поради крадењето на светилките елката што неколку години беше поставена кај споменикот на Панко Брашнаров во Нова Населба, годинава таму ќе ја нема.

За прв пат ќе биде свечено осветлен и Градскиот Саат како и мостот Гемиџии а целата акција треба да заврши на 15-ти декември, кога Велес ќе светне во новогодишно руво. Заеднички пречек на отворно и годинава нема да има.

И така снегот веќе ни тропна на врата, Дедо Мраз може да дојде во Велес, според надлежните.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »