речник контакт

Дела од колонијата ,,Дрен,, претставени во Велес

Претставени се 22 дела од повеќе автори, изработени во различни техники. Тие пред велешката публика ќе бидат претставени во следните десетина дена

Петар Печков

Во велешкиот Ликовен салон е отворена изложба на дела  од деветтата меѓународна ликовна колонија „Дрен“.

Претставени се 22 дела од повеќе автори, изработени во различни техники. Тие пред велешката публика ќе  бидат претставени во следните десетина дена.

И по 9-ти пат се потврди дека опкружувањето, просторот и луѓето од нашето поднебје се голема инспирација за авторите. Сакавме да  прошириме со нови  медиуми колонијата, инсталација, видео, вајарски, графички, да ја збогатиме. Тоа се покажа успешно, но  жал  технички овие новини не можеме да ги презентираме  во Велес,  туку  се претставуваме  само со ликовните дела – изјави  Тони Чатлески директор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Колонијата е  во организација на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп. На неа  учествуваа уметници од Русија, Бугарија, Србија и од Македонија, кои  создале дела се трајно културно наследство. Петнаесет уметници твореа на колонијата  во периодот од 17 до 24 јули. Годинава првпат колонијата беше сместена во просторот и поднебјето во Прилеп, а не како досега во манастирот „Свети Илија“ во Дрен. Ликовната колонија „Дрен“ е дел од културните настани што се во рамки на „Прилепско културно лето“.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »