речник контакт

Делницата кај Ветерско од автопатот Скопје - Велес опасна

Големи карпи демнат над автопатот и се закана по безбедноста на патниците

Петар Печков

Делницата од автопатот Скопје - Велес, кај месноста Ветерско  е закана за учесниците во сообраќајот. Надвиснатите карпи  се опасност за патниците, и тие со страв го минуваат овој половина километар должина.  

 Голема е карпата која е надвисната на една делница. Има и други, кои ги држи мрежата, но тоа е сепак закана. Може да се струполат - велат велешани кои  патуваат со автомобил на релацијата Скопје - Велес.  Заради превенција се вози само на една коловозна лента, на оваа делница, во должина од 500 м.  

На автопатот се екипи на ЈП Македонија пат. Вработените велат дека   надлежните размислуваат да се минира  капрата, зад а може да се осигури безбеден сообраќај. Тие го расчистуваат вчерашниот одрон и тоа нешто што останало. Вчера попладне и вечер, Велес беше отсечен од правец на Скопје, точно 10 часа, од 12 до 22 часот. За ова време возачите мораа да возат по  споредни, локални патишта. Повеќето лоши и нерамни. 

Некои мораа да дојдат до Велес преку Куманово и Свети Николе, други по стариот пат, кој е очаен. Каков е овој автопат кој нема алтернација, друго решение. Само се зема пари за патарина - велат велешани кои секојдневно патуваат до Скопје на работа.

 Според некои проценки, ги има повеќе  од илјада велешани кои со сопствен превоз, други со автобус секојдневно се на релација до главниот град и назад. Вчера на Автобуската станица превозот од Скопје доцнел со часови. 

Изминатите денови често се случуваше поради одрона на карпи, делницата после тунелот Катланово да биде само со една коловозна лента за возење. Пред Нова година пак, на 29 декември  вечерта откако се изврте шлепер пред тунелот Катланово,  сообраќајот на автопатот од Скопје за Велес  беше во прекин 10 часа.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »