речник контакт

Делфините помагаат да се исчисти Јадранското Море од мински полиња

Во чистењето на заливот Бока Которска од нагазни мини главни недомана беа делфините

Петар Печков

Неколку стотици луѓе се собраа на пристаништето во Тиват во вторникот (24-ти октомври), каде што делфините, обучени за откривање подводни мини, покажаа некои од своите вештини. Делфините, кои се обучувани во САД, дејствуваат со користење на своите извонредни природни сетила за откривање мини.

Спектаклот официјално ја затвори вежбата Делфин 2012, која траеше две недели. На вежбата учествуваа шест делфини од Програмата за цицачи на Американската морнарица, Мобилната единица на Американската морнарица за уништување експлозивни направи, хрватските и словенечките армиски нуркачи.

Широка подводна потрага беше спроведена во заливот, додека нуркачите го проверуваа секој сомнителен предмет откриен од делфините.

Потоа беше изработена мапа на заливот Бока Которска, со детали за локациите и информации за остатоците од експлозивните материјали.

Црногорското Министерство за одбрана ќе ја донесе конечната одлука за тоа дали, кога и како ќе се остранат експлозивите.

Христијан Харис, поморски биолог и менаџер на американскиот тим од Сан Диего, беше задоволен од искуството во Црна Гора.

Оваа средина е многу слична со онаа што ја имаме во Сан Диего, водата е почиста и потранспарентна, а температурата беше само два степени повисока од идеалната. Нашите делфини немале шанса да работат на место со толку интересна топографија и карактеристики на морското дно како заливот Бока Которска. Беше корисно за нив да работат во вакви услови, да извршуваат задачи, да трагаат по сомнителни предмети и да ги обележуваат на дното на морето“, рече Харис за дневниот весник Вијести.

Петнаесет црногорски нуркачи добија американски сертификати за мински работи, како дел од обуката.

Американскиот амбасадор Су Кеј Браун, американскиот воен аташе Брус Марфи, црногорскиот началник на Генералштабот, Драган Самараџиќ, и командантот на Црногорската морнарица, Дарко Вуковиќ, присуствуваа на церемонијата.



Браун ја истакна извонредната Американско-црногорска соработка во одбраната.

Нашите луѓе пропатуваа повеќе од 10.000 километри од Сан Диего до прекрасниот залив Бока Которска со транспортен авион Ц-17. За повеќе од 20 тренери, ветеринари и помошен персонал, ММП тим и 11 членови на ЕОДМУ-1, ова беше единствена можност да учествуваат на оваа меѓународна вежба. Членовите на единиците ЕОДМУ-1 со своите црногорски колеги одржаа повеќе од 20 часа теоретска и практична обука во областа на детектирањето, идентификувањето и обележувањето на експлозивните направи на дното на морето“, рече Браун.

Предраг Супиќ, извршен директор, рече дека ова беше прво појавување на програмите за делфини ММП во Средоземното Море.

Нашите луѓе имаа можност да учат од најдобрите американски мински нуркачи. Ние направивме дополнителен чекор во зајакнувањето на нашите способности и зголемувањето на меѓусебната оперативност со силите на НАТО“, рече Супиќ за SETimes.

текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »