речник контакт

Дел од Нова населба често без вода за пиење

Причина застареност и чести дефекти на водоводните линии, објаснуваат од ЈКП Дервен

Петар Печков

Жителите на улица Партениј Зографски, ул. Благој Ѓорев од кај споменикот на Брашнаров и повисоко, како и други кои гравитираат кон овој дел на градот се жалат на чести немања на вода. Тие се лути, бидејќи ова се случува два до три пати неделно и во повеќе часови од денот. Идентични  реакции од истиот дел на градот имаше  во првиот дел од годината.

Половина година и повеќе имаме ист проблем, често се случува во домовите  да нема вода.  Нема  најава дека ќе се случува, туку едноставно стануваме наутро, чешмата  е сува. Да е една седмица,еден месец и да разбереме ама ова се провлекува долго време.  Што е преземено да се реши проблемот – велат жителите од овој дел на градот. Тврдат дека проблемот опфаќа повеќе  од илјада жители на Велес. 

Кога наутро ја пуштам чешмата, стравувам дали ќе потече вода. Не можеме работа да потераме дома претпладне.  За жал почесто се случува славните да се суви, отколку да тече вода низ нив. Ни празник ни делник. Тешко се одржува хигиена, да се подготви ручек, јадење, децата да одржуваат хигиена - вели домаќинка која живее во  овој дел на градот и често се судрува со  овој проблем, недостиг на вода.

Надлежните од ЈКП Дервен објаснуваат дека работат на отстранување на проблемот. 

Поради застареност и чести дефекти на водоводните линии на ул. Киро Ќучук, Гемиџиска, Мицко Козар и Партение Зографски, во тек се работни активности за реконструкција на истите – стои во писмената информација од ЈКП Дервен. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »