речник контакт

Дел од заразните болести во Велешко исчезнуваат

Бруцелоза и жолтица тип ,,А,, ги снемува, но затоа годинава се јави туларемија

Петар Печков

Се помалку се бележат одредени заразни болести во велешко.  Според надлежните од Центарот за јавно здравје од Велес,  последните години бруцелозата е пред исчезнување а жолтицата од типот ,,А,, не е забележана неколку години наназад. Податоците се однесуваат за поширокиот регион на градот, вклучувајќи ги општините Чашка, Градско и Лозово. Ваквата состојба е резултат на подигнатата свест и навремено преземање на соодветни здравствени мерки.    

Следејќи ја континуирано бројката на заразни заболувања во поширокиот регион на Велес, може да се констатира дека некои заразни болести ги нема или некои заболувања ги има се помалку.  До ова е дојдено  со континуирано спроведување на сите  епидемиски   и други превентивни мерки,  едукација на населението,  секоја година може да се констатира дека. Споредбата е со десет и повеќе години наназад.  при што намален е бројот, дури некаде и сведен на нула.  До ова е дојдено  со квалитетното водоснабдување,  високата свет, хигиенската навика и хигиена на храна и простор, при што  сведена е на минимален број  - изјави епидемиолог  д-р Билјана Трајкова.

Таков е случајот со  заболени од бруцелоза, бидејќи  годинава има само две лица. Слично е и со заразната жолтица, од тип ,,А,,   оти  неколку години   нема регистрирано ниту еден случај. наспроти нив се случи епидемијата на туларемија.  

Годинава имавме и епидемија на туларемија каде се заболија 14 лица.    Се спроведоа итно епидемиски мерки,  и бројот на заболени кој во старт беше 14 остана на толку.  Очекувавме дека тој број ќе се зголеми , но со преземените мерки, силна дератизација на водоводни објекти , канализациони мрежи , училишта   не дојде до тоа. - потсети д-р Трајкова.

Таа ги зафати општините во соседството Свети Николе, Лозово, Каратманово,  а  во јуни беше објавено дека  епидемијата заврши.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »