речник контакт

Денес нема позитивни случаи на ковид-19 во велешко, но има еден починат

Активни случаи се 382 а во Болница се 34 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека во Велес денес нема регистирано нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се седум. Со ова активни случаи се 382 а досега во велешко се заразиле 2.868 лица. 

Денес на Инфективно одделение е починат е еден пациент на 74 годишна возраст, од Градско, лекуван седум  дена. Ова е 97-ми смртен случај на лица од велешко, кои починале од последиците на ковид зарзата. 

Во велешка Болница  хоспитализирани 34 пациенти, од нив 29 се на Инфективно одделение а петмина на Интерно. Од лежечките пациенти  26 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни и  исто толку четворица  пациенти со негативен тест но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се четворица  пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »