Петар Печков
Објавено: четврток, 02 јуни 2022
Изминатите 24 часа во Велес и велешко регистрирани се три нови случи со ковид-19 а оздравени нема. Ова е информација од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи порасна на десет лица.
Во Велешка Болница има хоспитализирано еден пациент на Инфективно одделение. Тој е позитивен и на кислородна поддршка, маж на 92 годишна возраст од Велес. Нема други случаи, сомнителни или негативни а со потреба од продолжено лекување.
Tweet |