речник контакт

Денот на пролетта во Велес

По повод Денот на пролетта ОУ „Петар Поп Арсов“ од населба Богомила и општина Чашка го организираа саемот на здрава храна со производи од богомилскиот и изворскиот крај.

Петар Печков

По повод Денот на пролетта ОУ „Петар Поп Арсов“ од населба Богомила и општина Чашка го организираа саемот на здрава храна со производи од богомилскиот и изворскиот крај.

На истиот беа понудени земјоделски и сточарски производи, од еколошки чиста и незагадена храна а манифестацијата е со цел да се претстави и промовира регионот на Азот со сите негови природни карактеристики.

На неколку штандови се продаваше сирење, кисело млеко, грав, компир, кромид, печурки, природни чаеви мед и останати продукти.

Поголем дел од нив се продаде и беа собрани 18 илјади денари, средства кои училиштето ќе ги намени за изградба на спортски терени за учениците во населба Богомила. На саемот се претставија ученици од училиштата во Богомила, Извор, Ореше, Теово и Согле.

И општина Велес го одбележа денот на пролетта со собирна акција на ПЕТ амбалажа (пластични шишиња од вода и газирани пијалоци).

Учениците од основните училишта и детските градинки собраа 725 кг ПЕТ амбалажа. Истата се продаде во откупниот центар „Еко-ерас“ по повластена цена од 10 денари за килограм а собраните средства се донираа за потребите на седумесечно бебе од градот на кој му треба итен оперативен зафат.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »