речник контакт

Ден на дрвото, езеро Младост, месец дена потоа

Површината во локалитетот езеро Младост велешко,која се продава како земјиште за градба на хотел, засадена со садници од 30-ти март на Денот на дрвото, месец дена подоцна е гола и пуста

Петар Печков

 Багреми, чемпреси кои тука беа садени на плацеви кои се продаваат за хотел, ги нема а целиот тогаш  вложен труд остана без ефект. За два дена првомајски викенд, бројните гости на местото со засадените дрвца оставија тони смет, садниците исчезнаа а останаа  хартија и жаришта  од оган од распалената скара.

На Велес му треба шума тоа е факт, но дали вистинското место беше брегот на езерото Младост, тоа е нај зелениот појас на градот. Требаше да се пошумуваат голите ридишта над Велес, тие треба да бидат белите дробови на градот – вели  Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

За екологистите е очекувана ваквата разврска бидејќи не се водело сметка каде се пошумува и дека по еден месец овој простор ќе биде посетен од илјадници посетители кои традиционално кампуваат и одмараат  околу езерото.  Затоа тие реагираат бидејќи многу пари се фрлени за обезбедување садници а од нив немаше никаков ефект, беа искорнати набргу по акцијата. На ваквите забелешки директорот на шумското стопанство Бабуна одговара дека нивните испитувања покажале дека тој реон е одличен за пошумување.

Не можеме да засадуваме во појас каде што претходно има извршено иста таква акција, ридовите околу  Велес. Згора на тоа почвата треба да се третира, бидејќи резултатите покажуваат дека ако сакаме да создадеме шума во околината на градот ќе мораме да работиме етапно со одредени садници, за земјата да се облагороди. Таа во сите овие години не ги прифатила засадените дрвја. Затоа го одбравме реонот на езерото Младост, близината на градот и тоа е излетничко место не само за велешани туку и за гости од земјата – вели Петре Тутарков директор на шумското стопанство Бабуна од Велес. 

Дел од гостите кои беа на локациите со нови садници, велат дека порано или подоцна дрвцата ќе морале да се отстранат, бидејќи  просторот е наменет за изградба на хотели и тој веќе се продавал  а организаторот на акцијата  Засадија иднината  - Ден на дрвото, требало да внимава каде ќе засадува.

Организаторот ја утна работата уште кога на имот кој се продава  на приватни да гради, засади илјадници дрвца. Ниту пак просторот беше означен дека е засаден до садници, ниту имаше било каква информација дека тука  не може да се кампува – велат  празничните гости на овој дел покрај езерото Младост.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »