речник контакт

Дератизација во Велес

Поради зголемениот број на глодари во Велес, Заводот за здравствена заштита побара од локалната власт итно да се дератизираат јавно прометните површини.

Петар Печков

Поради зголемениот број на глодари во Велес, Заводот за здравствена заштита побара од локалната власт итно да се дератизираат јавно прометните површини. Ова се со цел да се сопре нивното размножување пред наредните месеци кога тие се полово зрели и најактивни.

- Од извршените увиди и теренски тестирања, констатиравме енормно голем број на возрасни единки глодари и мали сиви глувци. Доколку навреме не се изврши дератизација, може да оекуваме рапидно зголемување на овие штеточини кои пренесуваат 40 заразни болести - вели директорката на ЗЗЗ Шурбевска. Таа бара дератизацијата да се изведе што поскоро, за да се пресретне половата зрелост и рано да се сузбие размножувањето и зголемувањето.

Глодарите биле регистрирани околу контејнерите со смет, Градскиот пазар, течението на реката Вардар, по зеленилото и парковите.

Поради ова Советот на општина Велес донесе одлука и одвои 170 илјади денари од општинскиот буџет за дератизација на јавните површини но и отстранување на дивите депонии со ѓубре по текот на реката Вардар.

Дератизацијата ќе се изведе два пати годинава, пролетва и наесен.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »