речник контакт

Дербито за ФК Превалец, кој е сам на врвот на Третата лига Центар

Победи за женската екипа на ЖФК Борец, пораз за футсал екипата на Велес и ракометарите на Борец

Петар Печков

Во дербито врвот на Третата фудбалска лига Центар, ФК Превалец го победи трето пласираниот ФК Вардар од Неготино со 5:3 и по поразот на ФК Росоман, сега е сам на првото место со 19 бодови.  ФК Илинден БС загуби дома со 1:3 од петто пласираната екипа на ФК Напредок од прилепско Кривогаштани, па остана на деветтото место со шест бодови. Загуби и ФК Локомотива на гостувањето  кај  шесто пласираната екипа на ФК Ново Црнилиште во кавадаречко Црнилиште со високи 11:2, па се последни, дванаесетти со 4 бода. Во следното осмо коло лидерот ФК Превалец повторно игра дома со ФК Обршани, во Градско ФК Локомотива го пречекува ФК Младост 1930 од Кривогаштани кој е четврти на табелата а ФК Илинден БС гостува на единаесетто пласираниот ФК Габер во Ваташа.  

Во женската Прва фудбалска лига, ЖФК Борец дома убедлив против последно пласираната екипа на ЖФК Плачковица од Радовиш и победи со 4:0, и по пет кола со 4 бода е 11-та од 14 екипи.  Во следното коло велешанки гостуваат во Тетово на екипата на ЖФК Љуботен која по пет кола е без бодови.  

Во првата футсал лига, трет последователен пораз за поранешниот шампион и освојувач на Купот КМФ Велес, кој настапува со целосно променет и подмладен сосав. Овој пат загубија на гостувањето во  Скопје со 7:4 од КМФ Јувентус Серава. Во Прваа ракометна лига група 2,  РК Борец загуби од лидерот РК Тиквеш во Кавадарци со 42:13 и останува последен, осми без бодови. Во следното петто коло играат дома со РК Преспа 20125 која има две победи и е петта. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »