речник контакт

Дербито помеѓу ФК Големо Коњари и ФК Превалец без победник, ќареше лидерот ФК Борец

Со победа КМФ Кеги моби избега разигрување за опстaнок во Прва лига, женската екипа на ЖФК Борец со нов пораз во Втората лига

Петар Печков

Со победа од 5:3 на коло пред крајот КМФ Кеги моби го избегна разгирувањето за опстанок во Првата футсал  лига. Тие синоќа славеа над составот на КФМ Црна река од Кавадарци и остануваат на осмото место,  со доволно бодови разлика од претпоследниот КМФ Карадаку. Во последното коло, следниот викенд, играат со екипата на КМФ Клими во  Кавадарци, која е трето пласирана.

Во дербито на Третата фудбалска лига Југ, во прилепско Големо Коњари, истоимената екипа и ФК Превалец, кои се на делба на втората позиција, одиграа нерешено 2:2, резултат од кој најмногу ќари лидерот ФК Борец кој ова коло беше слободен. По ова ФК Борец и натаму е прв  со 30 бода, по одиграни 15 кола, а ФК Превалец и ФК Големо Коњари се на 2 и 3 место со по 27 бода. Во Градско ФК Локомотива продолжува со лоши резултати пролетва, загуби од ФК Слога од прилепско Лажани со убедливи  1:6 иако гостите беа седми од 11 екипи и останува поретпоследна на табелата. Во следното коло,  тешко гостување на ФК Борец кај четвропласираниот од табелата ФК Питу Гули во Крушево, ФК Превалец игра дома со ФК Младост од Кривогаштани, а ФК Локомотива игра соседско дерби во Росоман со истоимената екипа.

Во Втората женска фудбалска лигa ЖФК Борец  гостуваше кај второпласираниот тим на табелата ЖФК Вардар и загуби со 0:8. Во следното коло повторно гостува, овој пат во Кочани кај истоимената екипа, која е трето пласирана. Велешанки се 6 со 7 бода.Оваа лига брои осум екипи.

фото ФБ/ ФК Превалец

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »