речник контакт

Дервен не ја намали цената на ѓубрарината

Иако Уставниот суд наложи, ЈКП Дервен не ја намали цената на ѓубрарината, причина грешка на софтверскиот систем.

Петар Печков

Велешани  за месец  јануари добија сметки со повисоките   цени за ѓубрарина иако тие од Уставниот суд  се вратени на нивото од фебруари 2008-та.  Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на општината од пред две години со која граѓаните и фирмите овој период плаќаа незаконски зголемена цена за собирање на комунален отпад. Од ЈКП Дервен, кое ја извршува оваа услуга и ги прибира парите, објаснуваат дека не станува збор за заборавност туку за грешка во системот.

- Им се извинуваме на граѓаните и потрошувачите за оваа не намерна грешка. Таа е направена во софтверскиот систем каде  цената за оваа услуга не беше променета , но ќе биде исправена со фебруарските сметки. Тогаш  грешката ќе биде корегирана и вишокот пресметан износ од јануари  ќе биде минусиран од сметката за фебруари – велат од ЈКП Дервен. Со одлука на Уставниот суд , од јануари месец годинава ЈКП Дервен треба да направи корекција на висината на цената за услугата „Собирање и складирање на комунален смет ,,  бидејќи таа била изгласана од Советот на Општина Велес по предлог на УО на ЈКП Дервен а не како што е законски по предлог на градоначалникот.

Сега физичките лица треба да   плаќаат  1,25 наместо 1,5 денари за метар кубен а фирмите по  1,65 денар за метар кубен наместо досегашните  3,5 денари.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »