речник контакт

Десет години за убиство на мајка си

Столе Донев (20 год) од Неготино со раце ја задавил мајка си. Причина нарушените семејни односи

Петар Печков

Столе Донев ( 20 год)  од Неготино доби десет години затвор за убиство на мајка му Надежда Донева (69 год).  Тој е прогласен за виновен во Основниот суд во Велес оти   пред една година ја задави мајка си. Столе на  18 декември лани, околу 20 часот,  со раце ја задавил Надежда во семејната куќа, откако таа го скарала зошто влегува во нејзина соба со цигара. Синот го призна делото и се покаја за стореното.

Немав желба да ја повредам, но не знам што  ми се случи тој ден. Испив ракија и апчиња заедно. Многу ми е тешко и се кајам. Мајка ми ме избрка па живеев кај тетка ми.  Со мајка ми лошо се слагав, додека со татко ми имавме одлични односи. По неговата смрт односите  со мајка ми се нарушија – рече Столе во негова одбрана.

ДНК материјал од неговата мајка е најден под ноктите на Столе, како и крв од неа по облеката на синот и обратно, крв од Столе по облеката на Надежда, која се бранела  додека синот со раце ја давел.

За нарушените односи мајка син, потврди и братот на Надежда, кој  рече дека ,,незнае каде се скинаа конците меѓу нив,,  и дека Столе  ја тепал малтертирал, барал пари и не сакал да работи. Тој како вујко побра 430 илјади денари плус камата  оштета  од внукот, кого не го признава оти бил посинет. Парите биле за душевна болка и  надомест за погреб и парастоси. 

На судењето како сведоци се појавија  и  две мајки, на другарите од Столе кои рекоа дека детето било многу добро вредно, но мајката не се грижела за него, не му давала да јаде, не го облекувала и често го бркала од дома, па тој спиел, се хранел и облекувал  кај нив. Според психијатриското вештачење, Донев бил свесен, управувал со постапките и бил пресметлив во моментот на убиството. Кај него  по убиството била приметлива депресија како резултат на стореното дело.

Неговиот адвокат Гроздан Сутинов сметаше дека станува збор за убиство во миг и дека Столе е лице со умствена и интелектуална попреченост со низок коефициент на интелегинција, со завршено ОУ за деца со посебни потреби.  До правосилноста на пресудата Столе Донев останува во притвор.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »