речник контакт

Десет мигранти пронајдени во автомобил кај Демир Капија

„Мерцедес“ со скопски регистарски броеви управувано од С.О.(47) од Скопје превезувал десет мигранти

Петар Печков

Четвртокот вечерта, кај демикраписка клисура откриен е скопјанец кој превезувал мигранти. СВР Велес излезе со информација за настанот.

На ден 21.02.2019 година во 21.30 часот на автопатот А-1 на делницата Гевгелија- Куманово, кај мост Клисура, запрен е патнички автомобил марка „Мерцедес“ со скопски регистарски броеви управувано од С.О.(47) од Скопје. При изврешната контрола до возило се пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан и Пакистан, штотуку излезени од истото - пишува во писменото соопштение.  

Возачот и патниците биле приведени во Полициска станица  Неготино каде биле задржани до расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »