Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2026
Четири настани регистирани на подрачјето на СВР Велес.
„На 10 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 22:00 часот, додека 41-годишната А.Н. од Велес со својот малолетен син била во сендвичарница во Велес, на платформата од објектот каде што седеле, во еден момент детето паднало по скалите“- соопштија од СВР Велес.
„Вчеравечер донесено е дете со тешки повреди на глава, дадена е здравствена помош и итно пренесено на неврохиругија во Скопје“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 11јуни во 01:30 часот во СВР Велес, Б.К.(27 год) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека во угостителски објект во Велес бил физички нападнат од С.А. од село Бузалково, велешко, М.А. и уште едно машко лице. Дел од присутните гости ги спречиле напаѓачите да продолжат со нападот, а откако ги извлекле надвор од објектот М.А. земал тврд предмет и се обидел повторно да влезе во објектот и да го нападне пријавителот, но повторно бил спречен од присутните“ – информираа од СВР Велес.
„На 10.јуни во 02:20 часот во СВР Велес е пријавено дека на делницата од автопатот Велес-Градско, патничко возило „шкода октавија“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(31 год) од Кавадарци, изгубило контрола и излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата 59-годишна сопатничка Д.В. од Кавадарци“ – соопштија од СВР Велес.
„Констатирани се тешки повреди скршеници градна Коска, долна подлактица, пациентката е задржана 24 часа и пуштена дома“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 9 јуни во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.С.(45 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки“ – информира од СВР Велес.
| Tweet |




