речник контакт

Детската градинка кај Жаба зграда пребукирана

За згрижување деца во овој клон владее најголем интерес кај родителите

Петар Печков

Во Детската градинка кон 2 кај Жаба зграда има поголем број на запишани деца отколку што и е капацитетот. Наместо пропишаните 260  згрижени се  303  а во клон 5   кај училиштето Св. Кирил и Методиј наместо 80 има 112 деца. Ова е  повеќе од пропишаните норми на Законот за грижа на децата  за колку дека можат да бидат згрижени. 

Ова го отвора прашањето за изградба или дограба  на одредени објекти на Детските градинки во Велес.   Приодот до оваа институција кај Жаба зграда е по лош земјен  пат, кој во дел од годината кога е дождливо е каллив и тешко пристапен. Поради ова  раководството на  Детските градинки Димче Мирчев  има поднесено барање за ставае на овој пат во приоритетните за изградба уште минатата година и бараат пристапниот пат да се уреди. По година дена сеутше не добиле одговор од локаланта самоуправа.

Објектот број два е најбаран во градот, од страна на родителите за запишување на децата, најверојатно поради местоположбата каде е тој. Бројките покажуваат дека се запишани деца повеќе од нормативот. Но треба да се има предвид дека еден е број на запишани а друг на присутни деца.  Мора да се знае дека не е во прашање доведен квалитетот на згрижувањето н услугите на децата. Годинава во градинката имаме за прв пат висок број на   запишани деца. Ќе ја следиме состојбата по што ќе решиме дали ќе побараме за проширување на капацитетот или не. Во објектот број пет две простории кои беа наменети за вработените пренаменивме за децат,а со тоа е решен проблемот таму  - рече  Анида Цецева директорка на  Детските градинки во Велес.

За пристапниот пат таа објасни дека  тој  е спореден кој води до анексот и за него е побарано од локалната самоуправа  да се уреди, додека главниот пат е уреден и поплочен.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »