речник контакт

Децата од градинките донираа облека, обувки и играчки за социјално загрозени врсници (фото)

Хуманитарната акција беше во организација Детската градинка во соработка со Општинскиот Црвен крст

Петар Печков

Децата од сите групи во шесте клонови на Детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес, ја одбележаа „Детската недела“ со хуманитарна акција, организирана во соработка со Општинскиот Црвен крст на Велес.  На истата се донираше облека, обувки, играчки. Дечињата ги подарија за да ги добијат нивните врсници, од социјален ризик.

Во хуманитарната акција освен вработените во детската градинка учествуваа и родителите на децата, кои  заеднички ги подготвија работите кои подоцна  беа донирани. Од Детската градинка Димче Мирчев., се заблагодарија  за соработката на Општинскиот Црвен крст.

Ние се потрудивме да ги израдуваме дечињата. Многу од нив ќе се израдуваат на даровите. Уште еднаш дадовте пример за значењето на човечките вредности и хуманоста - напиша на ФБ директорката Маја Велиновска.  

Во текот на наредните денови волонтерите на Црвен крст на Општинска организација Велес ќе ја распределат помошта на социјално загрозени семејства, кои имаат потреба од истата.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »