речник контакт

Децентрализација

Високо ниво на меѓуетничка толеранција, но се повеќе корупција владее во општините. Децентрализацијата не го подобрила нивниот живот.

Аница Солева

Вака се изјасниле дури 85% од граѓаните во пет општини - Куманово, Чаир, Гостивар, Кичево и Струга во анкетата на „Форум“ за успешноста на децентрализацијата спроведена во јануари и февруари. На голем дел од Македонците, дури 46% во овие општини, им пречи влијанието на политичките партии, бидејќи им го отежнувале животот и се мешале во работата на локалната самоуправа, а само на 29% од Албанците. Колку малцинствата се застапени во јавната администрација? Над половина од Македонците сметаат дека се во доволен број во администрацијата. Така мислат 39% од Албанците. Од спроведувањето на Охридскиот договор 63% од албанското население не се задоволни. За најголеми проблеми граѓаните ги сметаат здравството и локалната инфраструктура, а за нивно решавање за најодговорни граѓаните ги посочиле градоначалникот, советот на општините, Владата. „Ние, лоцирајќи конкретни проблеми, буквално лобираме кај локалните власти, укажувајќи дека нашите истражувања покажуваат дека, да речеме, водоводот е најголем проблем во таа општина и дека вие треба да работите на тоа“, рече Гордан Георгиев, Форум - центар за стратегиски истражувања. Повеќе пари во општинските каси, повеќе корупција кај локалните власти. Вака сметаат дури половина од граѓаните во овие општини. Исто толку имаат доверба во полицијата и се чувствуваат многу безбедно. Дури 85% оцениле дека се затоплиле односите меѓу мнозинството и малцинството. Анкетата на „Форум“ покажува дека Албанците генерално се поголеми оптимисти од Македонците. Гостиварската општина, според параметрите на анкетата, се покажала како најуспешна општина. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=59563]А1[/url]

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »