речник контакт

Димитар Чоков го фати крстот на Водици во Велес (фото и видео)

Роденденски подарок за Чоков, понеделник (21 -ви)полни 31 година. Кум на годинашниве Водици беше Перо Колевски, сопственик на Агриа

Петар Печков

Прославата на празникот на Богојавлението во Велес,  започна со Света Божествена Литургија во храмот „Свето Вознесение Христово“, на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на целото свештенство од Велес. По завршувањето на Литургијата беше формирана литија до Мало мовче од каде што се изврши осветувањето на водите на реката Вардар и беше фрлен чесниот и животворен крст во водите.    

На овој убав ден, кога  Бог ни се јавува, му се поклонуваме му пееме, славејќи го неговото име и неговото свето кршетние. Од овој ден, сите кои сакаат да бидат членови на Црквата, можат да  ја примат светата тајна. Најважна  света тајна, за влегување во царското небесно е крштевањето.  Денес како обичај, се фрлаат крстовите, и ние во нашиот Јордан, во реката Вардар, заедно со свештенството, ги осветивме водите на реката и го фрливме светиот крст. Чест да го фати имаше момчето Чоков Димитар - рече Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарска Епархија на МПЦ-ОА.  

Тој на Чоков му даруваше  златно крвче, Библија и железен крст, со кој во следните  40 дена, ќе може да  ги посетува домовите  на  велешани, но и околните населени места.  Му посака добро здравје, исполнување на желбите кои  си ги  посакал .

Оваа година 76 млади луѓе влегоа во водите на реката Вардар за да го фатат крстот за здравје и спасение. Годинава, крстот го фати  Димитар Чоков од Велес, поточно Превалец, кому ова му беше прво фаќање на чесниот и животворен крст. Досега осум години скокал  во Вардар. 

За три дена ќе наполнам 31 година и ова ми е најдрагиот подарок за роденденот. Пред шест години другар ми го фати крстот, еве годинава јас.  Нека дава Господ здравје среќа на сите - рече Димитар, кој е женет, има ќерка од две години и работи во Дрекселмаер. Тој до минатата година играл за ФК Превалец а од есенва за ФК Тиквеш.     

Кумот на годинашните Водици, беше Перо Колевски сопственик на Агриа. Тој на Чоков му подари телевизор.  Подароци дадоа и аптеките ,,Зегин,, крзнарата ,,Димко Митрев,,  и други.   Кум следната година ќе биде Румен Смилевски, сопственик на ,,Малина,,.    

дел од фотографиите се од Сашо Ѓоргов

АНКЕТА »

2017-та е зад нас. Како ќе ја помните?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »