речник контакт

Димитриевски замина за Израел

Велешкиот ракометен интернационалeц ќе настапува за Хапоел од Ашдод

Петар Печков

Македонскиот интернационалец, ракометарот Дарко Димитриевски кариерата ја продолжува во Израел. Тој неодамна потпиша договор со клубот Хапоел од Ашдод.

Клубот е на седмата позција во Израелското рпвенство со 12 бода од 12 натпревари а лигата брои  12 клуба.  Димитриевскиигра на  позиција на централен бек има 24 години и во Израел замина од скопски Металург, незадоволен од минутажата.

Тој последните две години са наоѓа на поширокиот состав на македонската репрезентација, но не  успева да влезе  во завршиниот список  и  настапи на некое Европски или  Светско првенство.  Но со оглед на младоста и квалитетот, сигурно е дека шансите се пред него.  

Младиот велешанец  кариерата ја започна во РК Борец, па прдолжи во  Вардар, Куманово, за да замине во Катар. Од таму  во Пуерто Сагунто  и во Адемар Леон од Шпанија, унгарски Чургои, па во Металург од каде доаѓа полусезона во Борец му помогна да биде шести во Македонија, минатата пролет, есеноска  пак во Металург и сега во Израел.  

АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »