речник контакт

Димитриевски стаса и до репрезентацијата

По добрите игри во новата средина во шпанскито Пуерто Сангуто, тој ќе биде дел од репрезентативниот собир следната седмица

Петар Печков

Младиот  велешанец Дарко Димитриевски ракометен интернационалец, ќе добие шанса да ги покаже неговите умеења во репрезентацијата. Селекторот Обрван  го повика да  работи со македонската репрезентација на претстојната ЕХФ-седмица, од следниот понеделник, на која ќе се соберат најдобрите македонски ракометари.

Добрите игри за неговиот нов тим  Пуерто  Сангуто, беа причина за овој повик, но и можност да ги покаже своите квалитети а во  пресрет на баражот за пласман на СП 2014 против селекцијата на Грција.

Во списокот нема поголеми новости, со исклучок на вклучувањето на Димитриевски. Станува збор за играч чија кариера во последно време се движи во добра насока, па сакавме да дојде, да тренира со нас и да видиме дали и колку ќе можеме да сметаме на него во следниот период  – вели  Обрван за македонските медиуми.

Димитриевски  кој настапуваше во Катар, по преминот во Шпанија го заврте вниманието на македонската ракометна јавност со настапите, по  што стигна и овој повик за репрезентацијата.  Тој има настапувано за македонската репрезентација на играчи до 20 години во квалификациите за ЕП.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »