речник контакт

Димче Крстев доби условна затворска оти измамил велешанка

И ветувал стан за самохрана мајка и земал 8,5 илјади евра

Петар Печков

Велешанецот Димче Крстев кој живее во Скопје  доби условна затворска казна за измама.  Тој на велешанка  и ветувал дека ќе добие социјален  стан, а за возврат добил во повеќе наврати пари  во висина од  522.750 денари.  

На обвинетиот му е изречена  казна затвор во траење од три месеци која  нема да се изврши во времето од една година по правосилноста на пресудата, не стори ново кривично дело . Но со обврска  и во определен  рок на оштетената да и ја надомести штетата.  Или да и исплати   307.500 денари, во рок од три месеци по правосилноста на пресудата во спротивно, условната осуда ќе се отповика и казна затвор ќе се изврши.

Според обвинението Крстев  во временскиот период од август 2012 година до крајот на мај 2013 година, обвинетиот во повеќе наврати, лажно и ветил дека преку свои блиски пријатели вработени во Владата на РМ, може да и обезбеди социјален стан, како самохрана мајка преку конкурсот објавен од Владата. Тоа ќе ја чинело 8.500 евра, пари кои биле исплатени во повеќе  наврати, во вкупен износ од 522.750 денари, етапно.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »