речник контакт

Директорот на Музејот од Велес ги украл старите монети

Тој ги вратил украдените тетрамонети, со образложение дека дома чувал стари пари па во колекцијата ги сакал и нив

Петар Печков

Петре К. ( 46 год)  директор во Народниот Музеј Велес, полицијата го осомничи дека е крадецот  кој пред два месеци украде две монети  сопственост на оваа културна институција.  Монетите биле од времето на Александар Македонски, стари околу 2,3 илјади години и нивната вредност на пазарот е околу 12 илјади денари.

Против директорот Петре К.  СВР Велес поднесе две кривични пријави за  „кражба“ и „злоупотреба на службена положба и овластување,,. Случајот беше пријавен на 16 јули годинава, при што освен двете  монети ,,тетрадрахми,,  од времето ан Александар Македонски била украдена и белегзија, сопственост на вработената  која ги чувала заедно во сефот. Полицијата индициите за крадецот ги имала веднаш по пријавата оти отисоци од прстите земала само од мажите вработени во Музејот а  во Скопје на проверка ги  испратила само   на Петре К.

Пронајдените отисоци на сефот се поклопуваат со неговите. По ова осомничениот бил повикан во велешката полиција. Таму го признал делото а по неколку дена ги вратил монетите, со образложение дека бил собирач на стари пари, па сакал во неговата колекција да ги има и нив.  Монетите се вратени  во Народниот Музеј.

При кражбата директорот ја отклучил вратата од вработената која тогаш била службено  отсутна, па го отклучил бирото каде бил сефот, за на крај да го отвори и него и од таму да ги земе двете монети и си ги однесе дома. По пријавата за кражбата, директорот Петре К. во изјава за медиумите побара полицијата да го најде сторителот и остави надлежните да ја расчистат ова кражба.

По ваквото сомнение градоначалникот на општина Велес,Славчо Чадиев  под чие ингеренции е именувањето на директорот на ова локална институција најави дека штом официјално ќе ја добие информацијата од велешката полиција ќе изврши смена на директорското место во Народниот музеј во Велес.  Петре К. е дипломиран археолог и на оваа позиција е од април 2010-та година.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »