речник контакт

Директорот на велешката Гимназија бара втор мандат, со правосилна пресуда условен затвор

Пресудата е правосилна а Стојчевски е осуден за злоупотреба на службена должност

Петар Печков

Директорот на велешката Гимназија Кочо Рацин Гордан Стојчевски има правосилна судска пресуда од условна казна затвор, но тоа не пречело тој да побара и е на пат да  го добие и вториот мандат за директорското место. Пресудата е од мај месец годинава, во која обвинителството го гонело Стојчевски заради ,, непочитување на судска одлука,, поради што е прогласен за виновен и казнет со шест месеци затвор, доколку во следната  година дена не стори исто или слично кривично дело. На оваа пресуда Стојчевски не поднел жалба, по што таа стана правосилна.

Стојчевски  пред некој ден, од страна на Училишниот одбор бил предложен до градоначалникот на Велес  Горан Петров,  како кандидат за директор на најстара Гимназија во Македонија.  Според законот  Стојчевски не го исполнува услов за директорската положба,  затоа што тој е осуден за сторено кривично дело Злоупотреба на службена должност и овластувања согласно чл.353 ст.2 од Кривичниот Законик.


 Го повикуваме и му  укажуваме на градоначалникот Петров, не именувајте за директор – осуденик да менаџера со образовен процес, ниту законски е исправно,ниту морално е чесно. Срамно е. Искористете ги вашите законски права поништете го конкурсот. Човек кој што не почитува одлуки и решенија на овластени лица и судски институции не смее да извршува директорска функција – рече  Весна Стојанова Богоевска советник на СДСМ. Стојчевски е осуден оти  две вработени од Гимназијата  кои ги напуштил од работа не ги вратил по судската пресуда, која е потврдена и од Апелација.

Тие за овој случај ќе го запознаат и Државниот просветен инспекторат, Министерството за образование и Министерството за правда. Стојчевски не ги коментираше овие изјави, но само најави дека ќе поднесе тужба за клевета против колешката  просветена работник Богоевска поради објавување на неговото име во јавноста. Од Основниот суд во Велес изјавија дека тие не се надлежни да издаваат дали некој е осудуван или не, тоа било работа на полицијата. Тие само издале документ дали некој во моментот се води против него кривична постапка, истрага или има неправосилна пресуда. Во таквата евиденција Стојчевски го немало. За правосилните бил задолжен МВР.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »