речник контакт

Доаѓа зимата и астрономски и метеоролошки

Зимата доаѓа четврток во 17ч. 27 мин. Таа ќе биде не многу студена и сува. Снег во втората половина на јануари и малку во февруари

Петар Печков

Зимата во Македонија  ќе дојде четврток  на 21 декември во 17 часот и 28 минути. Овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица.  Тогаш на северната полутопка на  Земјата доаѓа зимата на јужната летото.   Бидејќи неделава  пред нас, ќе застуде, така и метеоролошки и астрономски доаѓа зимата.  

Воедно, четвртокот на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум). Во Република Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак помеѓу четврток и петок, ќе биде најдолга за 2017 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.

Зимата ќе трае 89 дена и астрономски ќе заврши на 20 март 2018 година во 17 часот и 15 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица) и во тој момент ќе почне пролетта. Инаку, на 4. јануари 2018 година, Земјата ќе биде во перихел – најблиску до Сонцето (на околу 147 милиони km).

Не многу студена и сува зима. Така ја најавуваат метеоролозите прогнозери, кои велат дека ќе имаме продолжен период на суша.   Подпросечно врнежлива зима, што уште повеќе ќе ја зголеми сушата  на Балканот.    Поголеми снежни вренжи, ќе има во втората половина на зимата, кон крајот на јануари и  во во месец февурари. Зимата на Балканот ќе биде со  малку надпросечни  темепратури. Според 

https://www.accuweather.com/en/weather-news/europe-winter-forecast-uk-to-germany-on-alert-for-wind-storms-rain-to-ease-drought-wildfires-in-spain-and-portugal/70003011

Според УХМР:

Температурите на воздухот во Македонија овој месец и наредните два зимски месеца имаат поголема веројатност да бидат над просекот, со отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источна Македонија. Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Македонија.

Декември се очекува да ги достигне просечните вредности на температурата и врнежите. Во јануари температурата се очекува да биде над просекот, а врнежите во рамки на просечните вредности. Во втората половина на јануари постои поголема веројатност за продор на студен воздух од североисток кој ќе условува студено и суво време, а во нардниот период моделите даваат сигнал на промена, судир на сувата и студена воздушна маса од север со влажна воздушна маса од југ, која доаѓа преку Медитеранот и може да условува пообилни врнежи од дожд и снег. Во февруари се очекуваат надпросечни температури и врнежи.

Во Македонија од 1950 до 2017 година најтопла била зимата 1950/1951, а најстудена 1953/1954

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »