речник контакт

Добиени 132 милиони денари со кои ќе се работи на инфраструктура во општината

Одобрени се десет проекти чија изведба треба да биде завршена до крајот на годинава

Петар Печков

На прес конференција, прва по три месеци поради кампањата за претседателстките избори, градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски најави дека обезбедени се 2,16 милиони евра за десет проекти, со кој ќе се подобрува живеењето во општината. Нагласи дека за првите пет месеци годинава биле издадени 136 налози за работење на инфраструктурата.   

Наспроти негативните коментари во јавноста, со голема посветеност во работата, за краток период обезбедивме десетина проекти вредни 2 ,16 милиони евра. Ова нешто што досега не и се случило на Општина Велес. Средствата се обезбедени од меѓународни донатори  2 милиони евра  а остатокот сопствено учество на Општина Велес. Ова е највисока сума досега донесена во општината по процесот на децентрализација. Досега годинава се издадени 136 налози за инфраструктурни работи, во градот и населените места. Ве уверувам дека наскоро ќе ги видите резултатите од работата на надлежните. Ги повикувам граѓаните со својата поддршка да се приклучат на процесите за поубав град на нас и за нашите деца - кажа Коцевски. Рок на изведба на сите овие активности тој најави дека е до крајот на годинава.  

Градоначалникот ги конкретизираше проектите кои добиле финансиска поддршка. „СМАРТ Езеро Младост- Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“ - проект финансиран од ЕУ преку ИПА програмата, раководен од Светска банка, 62 милиони денари. Асфалтирање на постоечки земјен локален пат помеѓу селата Сливник и Бузалково, изградба на патен правец  село Сливник - Бузалково, изградба на улици низ село Сливник,  асфалтирање на постоечки земјен пат до локалитет Пешти, Велес без бариери,проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и  УНДП   со кој ќе се постави лифт во општинската зграда и ќе се нивелираат тротоарите на повеќе локации во градот со цел да се олесни пристапот до услуги и инфраструктура за лицата со ограничена мобилност, водоводен систем во Индустриска зона Мамутчево финансиран од Бирото за регионален развој, изготвување на техничка документација Проект за пречистителна станица во село Сливник, проект поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање. Добиени се дополнителни средства од Светска банка- грант за добро спроведен проект  за реконструкција на кровот на ОСУ „Јовче Тесличков“ и изградба на локални  патишта  во село Горно Оризари.

Прашан дали годинава за градските плажи на езеро Младост,  ќе има осветлување и поставени јавни чешми за вода и санитарии, градоначалникот Коцевски рече дека изведбата на проектот ,,паметно езеро,, е до крајот на годинава и не верува дека ќе се стигне да се постават за оваа сезона а локалната власт не предвидела средства во општинскиот буџет за ваква намена. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »