речник контакт

Доделена наградата „Андреја Дамјанов“ на архитект Миодраг Радоњиќ-Бато

Меѓу своите поатрактивни реализирани трудови Радоњиќ го вбројува Локалниот центар „Автокоманда“

Петар Печков

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) на свеченоста која се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ),  му ја врачи наградата „Андреја Дамјанов“ на архитект Миодраг Радоњиќ-Бато. Наградата беше врачена во присуство на голем број колеги и пријатели.

Архитектот Миодраг Радоњиќ-Бато е годинашен добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2018 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Во богатата кариера има преку 150 архитектонски проекти, од кои 75 се реализирани, 27 урбанистички проекти и детални планови, и 27 анонимни урбанистичко-архитектонски конкурси. Меѓу своите поатрактивни реализирани трудови Радоњиќ го вбројува Локалниот центар „Автокоманда“, станбено деловен комплекс со 100 станови , деловен простор за комерцијални и услужни дејности со преку 15.000 квадратни метри, изведен во 1986.

Архитект Миодраг Радоњиќ-Бато се заблагодари на укажаната чест и ја повтори својата вечна страст и заложба за квалитетна архитектура.

Мора како единствено правилно да се тргне од тоа дека науката и струката, знаењето и креацијата се двигатели на сеопштиот развој, а политиката и власта се тука тоа да го испочитуваат и да го реализираат, а не е обратно.Струката, а и архитектите беа повеќе барани и ценети, се бараше повеќе креација и иновација. Знаењето и мислењето на архитектите повеќе се почитуваа, за разлика од денес кога ‘големите’ инвеститори, архитектите главно ги сметаат за сервис кој ги реализира нивните ‘креации -вели Радоњиќ.

Добитник е на повеќе награди на БИМАС, добитник е на награда и благодарница од Главниот архитект на град Скопје и минатата година, заедно со својот партнер Ранчо Христов добитник е на наградата „Борис Чипан“ која секоја година традиционално ја доделува КОАИ за придонес за развојот на архитектонско – инженерската струка во Македонија.

Радоњиќ -Бато е роден 1949 година во Краљевица-Ријека, Хрватска. Од 1950 година живее во Скопје каде завршил основно образование и средно образование во гимназијата „Орце Николов“. Во 1976 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во класа на проф. Живко Поповски.

Од 1973 година ја оформува неформална студентска група „АЈВАР“ која прераснува во Конкурсна „Група АЈВАР“ со архитектите Ранчо Христов, Мартин Гулевски и Стеван Смилевски. Со групата повремено работат и Крсте Џидров, Влатко Коробар и Слободан Живковски.

АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »