речник контакт

Доделени првите 12 лиценци за конзерватори

Беа доделени лиценци за заштита на икони, мозаик, архитектонско наследство, предмети од метал, предмети од керамика, од метал, од камен и од дрво

Петар Печков

Првите 12  стручни лица ги добија лиценците за конзерватори. Тие беа доделени во археолошкиот локалитет Стоби а на  конзерваторите им ги врачи министерката за култура  Елизабета Канчевска  Милевска.  Овие конзерватори по струка се  археолози, архитекти, историчари на уметноста и уметници кои повеќе години се ангажирани во оваа област.     Беа доделени  лиценци за заштита на икони,  мозаик,  архитектонско наследство, предмети од метал, предмети од керамика, од метал, од камен  и од дрво. 

Овој чин  е многу значаен и за конзерваторите и за државата. За нив лично  оти тие долго време како конзерватори работата на оваа  проблематика. За државата е значајно затоа што таа добива стручни лица кои се здобиле со оваа лиценца, солидно ги познаваат состојбите. Македонија има  малку конзерватори  и затоа скоро ќе се распише конкурс за вработување на дел од нив. Како најважен сегмент во областа на заштитата на културното наследство секако е конзервацијата на  добра од  археологијата, архитектурата, етнологијата и книжниот фонд. Сето ова бара специфичен третман, со цел тие  да бидат  заштитени, да ги задржат автентичните карактеристики и да бидат адекватно презентирани. Токму од тие причини, институциите кои се занимаваат со заштита и презентација на културното наследство имаат потреба од едуциран стручен кадар кој ќе ги следи и применува современите трендови во заштитата, рече министерката за култура. – изјави министерката Канчевска. 

Таа потсети дека заштитата на културното наследство е во приоритет  и затоа се преземени мерки за  негово систематска конзервација, идентификација, истражување, документација и промоција. Првите лиценцирани конзерватори  се  од Битола, Охрид, Скопје и Кавадарци, Штип, Виница, Кочани и Велес.

Добивањето на оваа лиценца значи повисоко нивно на нашата работа, поголема одговорност, поголема стручност. Не само за нас лично, туку и за културното наследство со кое работиме. Тоа заслужува да биде конзервирано, заштитено затоа што имаме со што да се гордееме и пофалиме – рече Томе  Филов од Кавадарци, кој доби  лиценца за мозаик. 

Меѓу бројните гости на овој чин на доделување на  првите конзерваториски лиценци беше и Џејмс Вајсман, проф. од Универзитетот Бостон и долгогодишен истражувач на Стоби. Тој напомна дека овој локалитет е еден од најубавите во Европа и му е драго што  во него се вложува и работи на истражување и  зачувување. Конзерваторите половина година беа трпеливи ученици и работници на овој простор, по што полагаа писмен испит но и стручен дел, по што  жири комисија им ги  одбори  лиценците.   

Периодот на добивање на лиценца траеше шест месеци.  Овој период опфаќа цел конзерваториски процес, пишување на проект како и е изведена оваа работа. Потоа конкретна непосредна работа на конзервација и  реставрација – изјави   Маријана  Димова од Велес која работела на конзервација на  камена пластика, релјеф од Форумот во Стоби.  

Директорот на НУ Стоби Јован Радњански информираше дека  во  годишните ископувањата се најдени нови 350 артефакти, кои по конзервацијата заедно со пронајдоците од другите локалитети, ќе бидат презентирани на традиционалната изложба на крајот на годинава.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »