речник контакт

Долниот тек на река Бабуна, до Пешти освоен од дивоградби

Локалната власт бара решение од државните органи како овој предел да биде достапен за сите граѓани и што со дивоградбите

Петар Печков

Тажна беше глетката која заменикот министер за живната средина Јани Макрадули и градоначалникот на Велес Аце Коцевски, ја регистрираа при денешната посета на долниот тек на река Бабуна.  Узурпиран простор, освоен брегот на реката од  десетина ново изградени дивоградби. Омилениот излетнички простор на велешани, е освоен од сопственици кои приграбиле од природата, за лични цели. 

Иако на 50 метри  широчина од крајбрежниот појас не може да се гради, тоа не пречело да никне населба во овој предел, кој 2001-та  локалната власт го  прогласен за карактеристичен пејзаж. Бројот на дивоградби секоја година се повеќе се зголемува а со тоа и револтот на граѓаните, кои очекуваат решителна акција од локалните власти.  Оти отпадните води и канализацијата завршуваат во околината на реката. 

Во меѓувреме законската регулатива е променета и состојбата драстично се промени. Затоа е потребна ревалоризација, за да најдеме начин да го заштитиме овој предел кој за велешани е омилен како излетничко место. Има карактеристична флора и фауна, која треба да се сочува и заштити со соодветна законска регулатива.  Согласно Законот за легализирање на бесправно изградни објекти, сопствениците можат само со изјава, дека ако надојде реката нема да бараат обесштетување.  Досега не е легализиран ниту еден објект. Затоа бараме консултации со надлежните до Владата, како да постапуваме - изјави градоначалникот на Велес, Аце Коцевски. 

Заменикот министер Јани Макрадули вели дека во моментов преовладуваат темите со загадувањето на животната средина и ретко кој апелира за узурпацијата на природните богатства. 

Треба да се направи проценка. Врз база на големината а согласно Законот, ако се работи за површина помала до 100 ха. тогаш доволно да се прогласи за природна реткост. Доколку е поголема, потребно е да се направи ревалоризација на убавините,  да се оценат карактеристиките кои ги има, и да потпадне на категориите кои ги има Законот.    Во зависност од заштитеното подрачје, кој степен ќе биде, тогаш ќе може да се реши се што е недомаќински направено во овој дел а ќе се понудат убавините на пределот  на сите  граѓани - кажа Макрадули. 

Досега во локалната власт биле поднесени 60 барања за легализација на диво изградени објекти во течението на реката Бабуна. Но откако е донесен Законот, тројцата градоначалници, Петров, Чадиев и Коцевски, во чиј период важеше Законот за легализација на диво изградени објекти, не потпишале ниту едно барање досега. 

Актуелниот градоначалник реагира и што иако се дивоградби, објектите имаат струја, што е недозволиво и за него е кривично дело што некој ги поврзува. Во рамките на ова  најави дека ќе се следи правна разврска со фирмата која иако била предупредена дека градењето потпорен ѕид покрај ново асфалтираниот пат е недозволиво и не е законски, ѕидот бил изграден по барање на сопственик на нелегален објект. 

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »